Со посетувањето на веб страната на ПАТНИК.МК, значи дека сте ја прочитале содржината на документот за Политика на приватност. Со разгледување и запознавање со нашата веб страна и оваа Политика на приватност, вие прифаќате и се согласувате со условите предвидени во истата.
Информациите кои на оваа веб страна се од јавен карактер, имаат за цел да информираат и не може да се сметаат за јавна понуда или поттикнување да се купуваат производи, услуги или акции на патни.мк или други поврзани ентитети, ниту треба да служат како основа за донесување на одлуки (вклучително инвестирање) од страна на партнери и клиенти на патни.мк.
ПАТНИК.МК го задржува правото да изврши промени на содржината и реализацијата на овaa веб страна, како и да го суспендира или целосно да го прекине нејзиното функционирање во било кое време без претходно известување, иако тоа не ја претпоставува обврската периодично да се ажурира истата.
Перцепцијата за информациите содржани на веб страната може да зависи од повеќе фактори, вклучително научни, деловни, економски и финансиски. Со оглед на тоа, посетителот на оваа веб страна треба да биде свесен за ризиците поврзани со погрешно толкување и интерпретирање на содржаните информации. Посетителот се согласува дека пристапувањето и користењето на оваа веб страна, како и на било која друга веб страна, преку линкот содржан на оваа веб страна, вклучително и содржината, е на негов/нејзин сопствен ризик. ПАТНИ.МК и сите останати кои учествувале во создавањето, реализирањето и одржувањето на оваа веб страна и линкот содржан на оваа веб страна до посетителот, нема да се сметаат за одговорни за било каква директна, ненамерна, последична или казнива штета која ви е нанесена вам, на вашата компјутерска опрема или на друг имот или пак на трета страна, заради пристапување, користење или неможност за користење на оваа веб страна или страна која е поврзана со оваа веб страна.
ПРИБИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИ
Нашата веб страна може да ја користите без да ги откривате вашите лични податоци. Од вас не се бара да наведете лични податоци како услов за користење на нашата веб страна, освен кога е потребно за да ви доставиме информација за производ или услуга на Ваше барање. Кога ја користите нашата веб страна може да се прибираат податоци со цел да Ви се обезбедат информациите кои Вие ги барате. Овие податоци може да вклучуваат име на вашиот интернет сервис провајдер, веб страната која сте ја користеле за да се поврзете со нашата веб страна, веб страните кои ги посетувате од нашата веб страна и Вашата IP- адреса. Со овие податоци може да се дојде до Ваша идентификација, но ние не ги користиме за таа цел. Податоците повремено ги користиме за статистички цели, но ја запазуваме анонимноста на секој поединечен посетител, така што личноста не може да биде идентификувана. Во случаи кога личните податоци се доставуваат до други страни за да ви ги обезбедат производите или услугите кои вие сте ги барале, или за цели за кои вие сте ги овластиле, ние се потпираме на технички средства за да обезбедиме дека се почитува апликативната безбедносна регулатива за заштита на лични податоци.
ПРИБИРАЊЕ И ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Личните податоци прибираме кога вие ќе ни ги доставите преку контакт формата единствено со цел да го обработиме Вашето барање, како дел од нарачката за производи или услуги, прашања и други слични ситуации во кои сте избрале да ни доставите информации. Базата на податоци и нејзината содржина остануваат во ПАТНИ.МК, во процесорите за податоци или сервери што се под наша контрола ПАТНИ.МК нема да ги отстапува вашите лични податоци на трети страни во било каква форма, освен ако не добиеме ваша согласност или пак сме законски обврзани да го сториме тоа. Ние ќе ја преземеме контролата и одговорноста за користењето на личните податоци кои нам ни ги откривате.
ПАТНИ.МК нема да се смета за одговорен за било каков обид за хакирање со кој податоците би можеле да бидат компромитирани.
ЦЕЛИ НА КОРИСТЕЊЕ
Податоците кои ги прибираме ќе се користат само за да овозможат да ја користите веб страната и да ви се достават производите и услугите што ги барате или за други цели за кои ја имаме вашата согласност, освен во случаи предвидени со закон.
ПРАВО НА ПРИСТАП И КОРЕКЦИИ
Вие имате право да ги ревидирате и дополните личните податоци кои се складирани во нашиот систем доколку сметате дека се застарени или неточни. Само испратете е-пошта на адресата дадена во импринтот.
ПРАВО НА ОТКАЖУВАЊЕ
Вие имате право во секое време да ја повлечете вашата согласност за користење на вашите лични податоци во иднина. Исто како и за претходното, само испратете е-пошта на адресата дадена во импринтот.
ПОЛИТИКА НА КОРИСТЕЊЕ НА КОЛАЧИЊА
ПАТНИ.МК ја цени вашата приватност. Со цел да разбереме како луѓето ја користат нашата веб страна и да ја подобриме, ние прибираме податоци за вашето користење на оваа страна. Оваа алатка ќе ви помогне да разберете какви информации се прибираат и ќе ви овозможи контрола на тоа како се прибираат и користат.
ШТО СЕ КОЛАЧИЊА?
Колачиња претставуваат мали фајлови со податоци кои се поставени на вашиот компјутер или мобилен телефон кога посетувате веб страна. Колачињата се многу користени од страна на интернет провајдерите со цел нивните веб страни да функционираат или за да функционираат поефикасно, како и за да обезбедат информации за извештаи.
Колачињата поставени од страна на сопственикот на веб страната или провајдерот на услуги (во овој случај ПАТНИ.МК) се нарекуваат ‘колачиња на првата страна’. Колачињата што се поставени од други страни, а не од сопственикот на веб страната се нарекуваат ‘ колачиња на трети страни’. Колачињата на трети страни овозможуваат да се обезбедат можностите или функционалноста на трета страна на или преку веб страната или сервисот што го користите (како на пр. рекламирање, интерактивна содржина и аналитика). Третите страни кои ги поставуваат овие колачиња на трети страни може да го препознаат вашиот компјутер и кога ја посетува веб страната или сервисот и кога посетува одредени други страни и сервиси.
ПРОМЕНИ ВО ПОЛИТИКАТА НА ПРИВАТНОСТ
Го задржуваме правото на промени на Политиката за приватност. Доколку извршиме одредени промени на Политика за заштита на приватноста, истите ќе ги објавиме на оваа веб- страница.